Застреланата жена, која била со Алексеј Петров во моментот на неговото убиство, е во свесна состојба, но не може да зборува бидејќи е интубирана.
Ова го соопшти директорот на болницата Пирогов, д-р Валентин Димитров.
„Ноќта помина релативно мирно за пациентот. Вчера имала две операции. Мислиме дека во овој момент тие се успешни. Таа и понатаму е во тешка состојба, па е интубирана“, објасни директорот на Пирогов.
За жената да биде испрашувана, таа мора да биде свесна. Во моментов тоа е невозможно бидејќи е на механичка вентилација.
Taa е свесна, но не може да зборува. Нејзиниот живот не е во непосредна опасност, но се уште е во тешка здравствена состојба.
Пирогов одби да го открие нејзиниот идентитет бидејќи се води кривична постапка. Таа е под стража. Сепак, се уште не е јасно кога таа ќе биде екстубирана за да сведочи.