Македонија

Вработен во НП „Галичица“ уништувал записници за сеча на дрвна маса

Вработен во НП „Галичица“ уништувал записници за сеча на дрвна маса

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(63) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.

Тој, од 2020 година, во својство на службено лице- вработен во Националнио парк „Галичица“, не изготвувал или уништувал записници за сеча на дрвна маса во месноста „Јадера“, атар на селото Трпејца, вршел наплата на дрвна маса во готово и на граѓани им изготвувал фалсификувана документација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни