Њујорк им нареди на своите вработени да ја избришат кинеската апликација за споделување видео TikTok од нивните работни телефони. Така, градот се приклучува на забраната на федералната влада и повеќе од половина од американските сојузни држави за користење на TikTok на официјални уреди, објави Асошиетед прес.
„Иако социјалните медиуми се одлични во поврзувањето на њујорчаните едни со други и со самиот град, ние мора да се погрижиме секогаш да ги користиме овие платформи на безбеден начин“, рече Џона Ален, портпарол на градоначалникот Ерик Адамс во изјавата.
Ален, исто така, рече дека највисоките претставници на градската информациска безбедност утврдиле дека платформата претставува безбедносна закана за техничките мрежи на Њујорк, поради што наредиле отстранување на апликацијата од уредите во сопственост на градот во рок од 30 дена.