Македонија

ОНЛАЈН РЕПОРТАЖА: Без гласање прекината седницата за потребата од уставни измени

ОНЛАЈН РЕПОРТАЖА: Без гласање прекината седницата за потребата од уставни измени

Без гласање и без аргументи освен тој дека уставните промени се бугарски диктат заврши денеската седница за потребата за уставни измени.

СЛЕДЕТЕ ГО РАЗВОЈОТ НА НАСТАНОТ НА 4NEWS.mk

Оваа страница се ажурира автоматски

Што треба да знам до моментов?

  • Седницата започнува во 11 часот. Расправата најдолго може да трае 10 дена. Кога нема да има пријавено за збор, ќе биде прекината се додека нема најмалку 80 пратеници. Штом се обезбедат претседателот на Собранието ќе го стави предлогот на гласање.
  • ВМРО-ДПМНЕ е против уставни промени. Вели дека тие се под диктат на Бугарија. Албанската опозиција ја условува поддршката за уставни промени, со барање за укинување на форумулацијата 20% од Уставот.
  • Седницата на која треба да се дискутира за европската иднина на Македонија започна со еден час доцнење.
  • Седницата беше прекината откако беше исцрпена листата на пријавени пратеници за збор. Ќе продолжи тогаш кога ќе има 80 пратеници.

16:00 Премиерот Димитар Ковачевски од Владата се обрати на прес конференција на која рече дека денеска се виде кој е за Европа, а кој е кочничар во Македонија.

>> ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Ковачевски ќе им ги земe странските пасоши на Македонците и ќе ги враќа кај матичните земји!

14:45 Бидејќи нема пријавено нови пратеници за збор, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата.

Опозицијата негодуваше за таквата одлука и бараше гласање.

>> ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

ВИДЕО: Опозицијата негодува, Џафери ја прекина седницата – власта нема 80 пратеници!

13:00 Погледнете што содржи Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

>>ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

12:30 ВМРО-НП ги поддржува уставните измени и ќе гласа за измена!

ВМРО-НП ги поддржува уставните измени и ќе гласа за измена!

12:21 Ковачевски: Предлогот е напишан тука во Скопје. Тој е европски и затоа ги отфрлам сите наративи дека тој е под бугарски диктат.

„Ова е наш македонски предлог, поддржан од ЕУ и нашиот стратешки партнер САД. За само една година поддршката за нас драстично се зголеми, ако за момент ја погледнеме вистината во очи ќе видиме дека на македонски јазик се пишува во Брисел, а во Берлин се потврди нашата историја. За прв пат се потпиша договор на македонски јазик со Фронтекст“, изјави премеирот Димитар Ковачевски.

>> ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

12:15 Дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала, додека на говорница е премиерот Димитар Ковачевски.

>> ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

12:13 Усвоен е дневниот ред. Со 70 гласа за и 47 против.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по излласувањето на дневниот ред аплаудираа од собраниските клупи.

>> ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

12:07 Удри ѕвоното во Собрание. Започнува седницата. Следи ја во живо

11:50 Брзо ќе заврши денешната седница која се уште не започнала

Само по еден од политичка партија ќе се пријави за збор, брзо ќе заврши денешната седница

11:47 Се уште нема абер за старт на собраниската пленарна седница. Температурата во салата е 22 степени.

11:19 Дел од пратениците се пристигнати во салата Македонија, но се уште нема старт на седницата. Повеќе од половина од пратениците не се присутни во салата.

10:08 Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и премиер во своето обраќање за време на одбележувањето 31 година од македонската армија, рече дека денеска ќе се дознае кој е за ЕУ.

Ковачевски: Денес е денот кога доаѓа крајот на лагата и ќе се види кој е за ЕУ

09:50 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук го честиташе Денот на македонската Армија додавајќи дека 18-ти ќе се слави и како ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот.

Мицкоски: 18-ти август, ден на македонската армија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот

09:35 Државно вработување, образование на бугарски јазик, медиуми на бугарски јазик. Ова се само дел од привилегиите кои ќе ги добијат Бугарите со евентуално внесување во Уставот на Македонија.

Државни вработувања, образование и медиуми на бугарски јазик- што се ќе добијат Бугарите со влезот во македонскиот Устав?!

09:11 Предлог за пристапување кон измена на Уставот можат да поднесат: Претседателот на Републиката, Владата на Република Северна Македонија, најмалку 30 пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и 150.000 граѓани.

Каква е процедурата за промена на Уставот на Македонија?

Колку често се менува Уставот во други земји од Европа?

09:04 СДСМ: Повеќе нема простор за Христијан Мицкоски и неговите манипулации пред јавноста.

СДСМ: Момент за вистината, седницата за уставни ќе покаже кој е за, а кој против ЕУ

09:03 Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на денешната 123-та седница на Собранието на која ќе се дискутира по предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија.

На седницата за уставни промени ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски

08:48 ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема пратеници за уставни измени, нека стават на гласање и ќе се уверат, единствено решение се избори.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема пратеници за уставни измени, нека стават на гласање и ќе се уверат, единствено решение се избори

08:45 Постапка за измена на Уставот Постапката за измена на Уставот поминува низ три фази.

Каква е процедурата за промена на Уставот на Македонија?

08:30  Секој автомобил кој влегува во Собрание подлежи на дополнителна проверка за идентитетот на возачот, а потоа се пропушта во дворот на Собранието

Зголемено полициско обезбедување околу Собрание

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни