Свет

Колку често се менува Уставот во други земји од Европа?

Колку често се менува Уставот во други земји од Европа?

Пракса на уставни измени во други земји во Европа, Уставните измени односно реформи се сложен и долг процес.

Понекогаш  измените се неопходни и сосема суштински заради подобрување на демократското владеење или прилагодување на политичките, економските и социјалните трансформации.

Сепак, имајќи го предвид фактот дека основањето на државите се впишува во самиот устав, измената на овој значаен документ е прашање од голема важност.

-Во некои европски држави уставните измени се толку чести што се случуваат скоро секоја година, а во други пак се многу ретки.

Во Австрија измените на Уставот на годишно ниво варираат од еден до шест пати (со исклучок на годините кога немало воопшто ниту една измена).

Швајцарскиот и белгискиот устав, исто така, се менуваат доста често, а во грузискиот устав има повеќе од триесет измени,  покажува компаративното истражување на Парламентарниот институт.

Во други држави, пак, како што стои во истражувањето, уставните измени се многу ретки.  -Во Шведска, Актот за сукцесија кој е дел од четирите фундаментални закони на Уставот е сменет само еднаш.

Во Романија немало воопшто никакви измени од 2003 година. Шпанскиот устав пак има претрпено само две измени. Уставот на Полска, исто така, од 1997 година е изменет само два пати.

Во Финска, Уставот е изменет четири пати од неговото влегување во сила од 2000 година. Бугарскиот устав е изменет само пет пати од 1991 година.

Грчкиот устав пак од 1975 година има претрпено четири ревизии. Уставот на Литванија од 1992 година е изменет 10 пати, се наведува во истражувањето.

-Прашањето за уставните измени се наоѓа во сржта на уставната теорија и пракса.

Конституционализмот имплицира дека фундаменталните правила за ефективно остварување на државната власт и заштитата на индивидуалните човекови права треба да бидат стабилни и предвидливи, а не да се предмет на чести измени, се вели во истражувањето на Парламентарниот институт и се посочува дека ова е клучно кога се зборува за легитимноста на уставниот систем.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни