„Денес е денот кога доаѓа крајот на лагата и денес ќе се види кој е за ЕУ, а кој е за блокирање на патот на државата во ЕУ. Додека јас сум премиер, Владата ќе работи на интеграција на државата во ЕУ, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат“, ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски за време на добележувањето 31 година од македонската Армија.
Според најавите на Влада, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на денешната 123-та седница на Собранието на Република Северна Македонија на која ќе се дискутира по предлогот за пристапување кон измена на Уставот.