Балкан

Една жена исчезна, друга врзана гола: „Луѓето се плашат, некои веќе го напуштиле селото“

Една жена исчезна, друга врзана гола: „Луѓето се плашат, некои веќе го напуштиле селото“

Стравот навлезе во селото Тумаре во Босна и Херцеговина откако на крајот на јули под неразјаснети околности исчезна постарата Јованка Ѓуриќ, по која потрагата се уште трае, а во средата беше пронајдена гола и врзана 50-годишна жена во семејниот дом.

Ќерката на Јованка, Гордана вели дека не верува оти мајка и сама излегла од дома, како што верува полицијата. Гордана мисли дека некој се обидел да ја ограби и дека можеби ја убил.

„Каков отпор може 89-годишна жена која има околу 50 килограми, носи очила, диоптрија 10, што ја најдов на масата? Меѓутоа, стапот, облеката што беше наредена на столот претходниот ден, крпата пред каучот беше влажна, телефон немаше, некаде ѕвонеше, тоа не им укажуваше на убиство, на киднапирање. На пример, недостасуваат душекот, прекривката, чаршафот и малото ќебенце од креветот“, изјави Гордана Бабиќ.

До денес не е лоциран сигналот од мобилниот телефон на исчезнатата жена. Пребарана е голема површина, а засега нема официјални информации од полицијата за случаи на напади врз српски повратници.

Неодамна во селото, среде бел ден, според мештаните, бил нападнат еден од нивните соседи. Се уште не е познат идентитетот на напаѓачот.

„Знаете кога треба да направите полициско шоу во општеството, тогаш доаѓаат конвоите, доаѓаат шлемовите… Дајте ни ги сите оние што ги видовме во драматични апсења, дајте ги овде, за луѓето да ги издржуваат своите семејства, за да луѓето се чувствуваат безбедно“, изјави градоначалникот на општина Лукавац, Един Делиќ.

Сите дополнително ги вознемири вчерашниот инцидент. Локалната жена била пронајдена во куќата гола и врзана. Во селото живеат околу стотина луѓе. Прозорците и вратите на куќите се затворени. Некои од нив веќе го напуштиле селото и отишле кај своите роднини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни