Балкан

УЖАС ВО СРБИЈА: Дете сред ноќ каснато од змија отровница, граѓаните ја бараат!

УЖАС ВО СРБИЈА: Дете сред ноќ каснато од змија отровница, граѓаните ја бараат!

Петнаесетгодишно момче од Свилајнец среде ноќ било каснато од змија, а се претпоставува дека било отровно. Немилиот настан се случил доцна синоќа, а змијата го каснала момчето за рака додека со другото седело на клупата.

– По повикот, екипа на Итна помош излегла на терен и по примена на сите медицински процедури во вакви ситуации момчето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничкиот центар во Крагуевац – потврдија во Здравствениот дом Свилајнац.

Момчињата биле на вечерно излегување, а седнале на клупата да се одморат кога се враќале од заеднички пријател кој синоќа го пратиле дома.

Според сограѓаните на момчето, синоќа ја пребарале целата област каде се случил инцидентот, но змијата не ја нашле.

– Веднаш откако младиот човек беше примен на Инфективната клиника, ни беше кажано да се обидеме да ја пронајдеме змијата, пред се, за да го елиминираме ризикот да касне некој друг. Го превртевме секој камен, но не ја најдовме – ни изјави жител на Свилајнец.

Тој додава дека и лекарите се сомневаат дека е отровен, врз основа на клиничката слика и отокот кој многу брзо се развил на прстот на петнаесетгодишникот.

Откако било примено во Клиничкиот центар во Крагуевац, момчето било задржано на лекување на Инфективната клиника на оваа установа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни