Свет

По судирот на бродовите во Будимпешта, тело најдено на 100 километри од несреќата

Нуркачи од Јужна Кореја и од Унгарија се обидуваат да го извлечат потонатиот брод, кој во средата навечер потона во водите на Дунав откаок беше удрен од поголем брод непосредно пред унгарскиот Парламент.

Осум лица загинаа на лице место, а 20 се водат како исчезнати.

Не се пронајдени 19 преостанати корејски патници и членови на екипажот, и се претпоставува дека се мртви. Едно тело е пронајдено 100 километри од местото на несреќата.

„Едно тело, што личи на корејско, е пронајдено на 100 километри одовде“, рече военото аташе на јужнокорејската амбасада Шун-Кеун Сонг за новинарите.

Портпаролот на унгарската полиција Кристоф Гал изјави дека властите се уште се обидуваат да го утврдат идентитетот на лицето, и натаму не можат официјално да потврдат дали е од бродот кој потона. Се верува дека поголемиот број од патниците се во остатоците, а нуркачите не можат да стигнат до нив поради високото ниво на водата и силните струи.

The post По судирот на бродовите во Будимпешта, тело најдено на 100 километри од несреќата appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни