Свет

Папата повика на помали трошоци за воени цели

Папата повика на помали трошоци за воени цели

Папата Франциско денеска повика да се трошат помалку пари за воени цели за да има повеќе за хуманитарни цели.

„Наша должност е да помогнеме да се искорени омразата и насилството од човечките срца“, објави Папата на платформата X, порано Твитер.

„Да ги охрабриме луѓето да го положат оружјето, да ги намалат воените трошоци во корист на хуманитарните потреби и да ги направат инструментите на смртта инструменти на животот.

Папата не ја стави најавата во некој конкретен контекст, но 19 август е Светски ден на хуманитарната помош на ОН.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни