Свет

Бритни Спирс се огласи по разводот: Не можев веќе да ја трпам болката

Бритни Спирс се огласи по разводот: Не можев веќе да ја трпам болката

„Како што сите знаат, јас и Сем повеќе не сме заедно. Шест години се долго време да се биде со некого, така што малку сум шокирана, но не сум тука да објаснувам зошто, затоа што искрено не е ничија работа“, ја започна таа објавата. .

„Но, не можев повеќе да ја поднесам болката, искрено. Добивам толку многу пораки од пријателите кои ми го топат срцето и ви благодарам. Предолго сум силна и мојот Инстаграм можеби изгледа совршено, но тоа е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа. Сакам да покажам емоции, солзи и како навистина се чувствувам, но поради некоја причина секогаш морав да ги кријам моите слабости“, додаде таа.

Вели дека и покрај сѐ, се чувствува добро.

“Ќе бидам силна колку што можам и ќе дадам сѐ од себе. И всушност, ми оди навистина добро. Како и да е, имајте добар ден и не заборавајте да се насмевнете”, заклучила таа на објавата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни