Балкан

Загина странски државјанин! Детали за трагедијата кај Јагодина: Комбе излетало од патот, едно лице тешко повредено!

Загина странски државјанин! Детали за трагедијата кај Јагодина: Комбе излетало од патот, едно лице тешко повредено!

Еден странски државјанин загина во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопатот кај Јагодина.

Како што неофицијално дознаваме, сообраќајната несреќа се случила синоќа половина час по полноќ кога комбе со неколку лица излетало од патот кај селото Баргрдан, кај Јагодина.

– Во комбето имало седум лица, еден загинал додека шестмина се повредени, меѓу кои и едно тешко повредено лице. Станува збор за странски државјани, а причината за несреќата ќе ја утврдува истрагата која е во тек. Полицијата изврши увид и повредените се пренесени во болница – изјави извор на Информер запознаен со случајот.

Дел од повредените се во болницата во Јагодина, другиот во Ќуприја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни