Во шпанскиот фудбал во моментов се води сериозна истрага околу наместен натпревар во најдобрата шпанска лига помеѓу Ваљадолид и Валенсија. Валенсија го доби натпреварот со 2:0 (полувреме 1:0) и се пласираше во Лигата на шампионите.
Низ истрагата се појави видео снимка од која се слушаат следните зборови: „Гледај, другар. Валенсија победува и во првото и во второто полувреме, така? Седум играчи се купени, не повеќе“
Овие зборови биле од поранешен напаѓач на неколку клубови Карлос Аранда кој е вмешан во оваа афера. Исто така вмешан е поранешниот репрезентативец и екс член на Реал Мадрид Раул Браво.
The post Шпанија ја „дрма“ афера со наместен меч: „Види другар, седум играчи се поткупени, Валенсија победува“ appeared first on ТВ21.