Стејт департментот соопшти дека Соединетите Држави не ги охрабруваат украинските напади на меѓународно признатата територија на Русија.
Останува на Украина да одлучи како да се одбрани од руската инвазија која започна минатиот февруари, изјави портпаролот на Стејт департментот. Тој додаде дека Русија може да стави крај на војната во секое време со повлекување од Украина.
Претходно, руското Министерство за одбрана објави дека едно украинско беспилотно летало удрило во зграда во изградба во Москва , а други две биле соборени од воздушната одбрана во близина на главниот град. Нема повредени во нападот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на европските партнери за воената поддршка и помошта за обнова на неговата земја. Данска и Холандија ветија дека ќе и дадат на Украина борбени авиони Ф-16, што таа долго време го бараше.