Свет

Холандија и дава на Украина 1.000 полначи за далечинско деминирање

Холандија и дава на Украина 1.000 полначи за далечинско деминирање

Холандија ќе и достави на Украина илјада полначи за далечинско деминирање, изјави во Киев холандската министерка за одбрана Каиса Олонгрен.

Веста доаѓа во време кога силно минираните руски одбранбени линии ја забавуваат контраофанзивата на украинските сили чија цел е враќање на териториите заземени од Русија, забележува агенцијата.

„Одлучено е да се испорачаат околу илјада преносни полначи за далечинско деминирање, чие полнење ги надминува инженерските бариери“, изјави холандскиот министер за одбрана на вчерашната средба со неговиот украински колега Олексеј Резников.

Сега, колку што знам, се соочувате со проблем со извонредна густина на мини на териториите низ кои поминувате“, изјави Олонгрен, обраќајќи му се на Резников.

Претходно вчера, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека Германија и другите партнери можат заеднички да достават помош до украинските сили кои напредуваат преку цврст појас на нагазни мини, според Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни