„24-ти август, Денот на Независноста на Украина, денес е 32-рата годишнина од усвојувањето на Актот за прогласување Независност на Украина. Украинците вторпат по ред го слават Денот на Независноста на Украина во услови на жестока руска агресија против Украина. Сега, бранејќи ја својата независност, Украина крвари“, рече украинскиот Амбасадор во Скопје при денешното одбележување.
Украинците го бранат своето право на живот, суверенитет, територијален интегритет, како и универзалните човечки вредности, односно оние начела и морални принципи кои помагаат да се хармонизира постоењето на луѓето.
Безбедноста зазема посебно место меѓу универзалните човечки вредности.
рф уништи дел од европскиот безбедносен простор, меѓународното право, грубо ги прекрши и духот и нормите на хуманитарното право.
Тоталитарниот режим на рф ги пропагира идеите за насилство и смрт. Предаторската надворешна политика допре до сите континенти на Земјата.
Епицентарот на дуелот е во Украина, но руското зло им се заканува и на другите европски држави.
Од моментот на инвазијата од големи размери на рф на територијата на Украина – од 24-ти (дваесет и четврти) февруари 2022 (две илјади дваесет и втората) година, државата агресор уби илјадници Украинци со ракетни и артилериски гранатирања, ги претвори во пепел процутните градови и села на Украина, украде десетици илјади украински деца, мачеше и малтретираше цивили и воени заробеници.
рф го обезвредни човечкиот живот.
За Украинците целта е да се зачуваат животите на Украинците.
Зачувувањето на животот, херојскиот отпор на Украинците, не може да се замисли без помош.
Навремената воена помош ги спасува животите на Украинците. Украина ја има поддршката од прогресивните демократски држави, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Холандија, Шведска, Албанија, Турција, Чешка, Германија, Шпанија, Франција, Полска, Романија, Словачка и Словенија.
Украина е благодарна за сите пакети на одбранбена поддршка кои што беа обезбедени и на оние кои се добиваат во моментов.
Помошта се подобрува секојдневно.
Тоа значи дека со напорите на солидарноста ќе се надмине руското самоволие за препишување на историјата, уништување на безбедносниот простор, наметнување тоталитарни модели на постоење.
Сакам да нагласам дека Украина и Украинците плаќаат многу висока цена – животот.
Затоа, секоја одлука поврзана со помагање на Украинците е од витално значење за нас – ни овозможува да преживееме, да се бориме, да се браниме и да се заштитиме.
Би сакала лично да им се заблагодарам на Претседателот, Владата, Собранието на Република Северна Македонија за политичката, одбранбената и хуманитарната поддршка на Украина. Посебна благодарност за неодамнешната одлука на Владата во врска со тоа на Украинците да им се обезбеди привремена заштита во период од една година, со која се предвидува право на привремен престој, пензиско осигурување, вработување и здравствено обезбедување.
Посебна благодарност и до Првата дама на Северна Македонија за поддршката на Третиот самит на Првите дами и господа, чија тема ќе биде дискутирање на прашањата поврзани со менталното здравје.
Се проширува кругот на држави кои ја поддржуваат Украина. Во тоа помагаат различни меѓународни формати и политички платформи – пред сè, тоа е Формулата за мир предложена од Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, која треба да се реализира што е можно поскоро.
Украина има среќа што Северна Македонија е со Украина уште од првите денови на инвазијата од големи размери на рф против Украина.
Неодамна, за време на одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, истакна дека Македонците ѝ помагаат на Украина не затоа што мораат, туку затоа што тоа е единствениот начин да се биде на вистинската страна на историјата.
Навистина сакам правилното разбирање на историјата, разбирањето на универзалните човечки вредности – безбедност, слобода, достоинство – да се прошири низ целиот свет и да стане предност за оние кои се само на пат да ја поддржат Украина. Посилни сме заедно, Независноста на Украина ќе се зајакнува, бидејќи вредноста за нас е самиот човек.
Ние ќе победиме затоа што имаме внатрешен отпор, сила на духот и силна поддршка од нашите партнери.
На сите ви посакувам сила, мир и просперитет, а на Украинците посебно им посакувам да ја дочекаат 33-тата (триесет и третата) годишнина од Независноста на нашата земја во услови на победа и мир.