Собранието на Србија соопшти дека вработениот во таа институција Н.К. (45) почина денеска во собраниската зграда „додека ги извршуваше работните обврски“.
Во соопштението се наведува дека Н.К. бил вработен во Секторот за техничко и тековно одржување.
Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Белград изврши увид на местото на несреќата“, се наведува во соопштението.
Претседателот и генералниот секретар на српското Собрание Владимир Орлиќ и Срѓан Смиљаниќ упатија сочувство до семејството на повредениот работник.
Медиумите претходно објавија, повикувајќи се на неофицијални информации, дека работник во парламентот загинал додека се обидувал да го поправи лифтот.