79 лица се уапсени во Грција под сомнение за подметнување пожар. Властите дејствијата на осомничените ги дефинираа како „злосторства против државата“.
Нашиот јужен сосед продолжува да се бори со огнената стихија, а според министерот за цивилна заштита ова е најтешката летна сезона откако се води статистика.
Пожарот околу градот Александрополис е веќе најголемиот досега забележан на територијата на Европската унија, соопшти Брисел. А според експертите, како резултат на уништените шуми во близина на Атина, каде е загрозен националниот парк на природата, главниот град ќе биде поранлив на поплави во зима.