Еден пациент почина по вадење заб во Ѓаковица, град во западниот дел на Косово. Едномесечен притвор и е одреден на приватна ординација стоматолог, а на неговата медицинска сестра од Малишево и е одреден куќен притвор од еден месец, јавува Н1 .
Стоматологот е осомничен за несовесно постапување и незаконско вршење на медицина, а медицинската сестра за неовластено вршење на медицина и посебни случаи на фалсификување исправа. Имено, медицинската сестра завршила кројачко училиште, па немала соодветна стручна подготовка за давање медицински услуги.
Во ординацијата пронајдени се 18 свидетелства и дипломи заверени со фалсификувани печати на средното медицинско училиште и на медицинскиот факултет.
За време на вадењето заб, стоматологот користел несоодветни методи на лекување. Пациентот L. Š. починал во дворот на ординацијата по вадење заб, а во болницата во Малишево утврдиле дека смртта настапила поради примена на несоодветни методи и терапија што ја користел стоматологот при вадење на заб, јавува Н1 .