Балкан

Апсење во Приштина за проневера од 10 милиони евра

Апсење во Приштина за проневера од 10 милиони евра

Полициски истражители на подрачната единица за економски криминал и корупција денеска уапсија маж од Косово поради сомнение дека незаконски во соработка со друго лице кое е во бегство отуѓил имот вреден околу 10 милиони евра.

Основното обвинителство во Приштина спроведе истрага поради сомнение дека А.Г е во соработка со И (Ј). Х., кој моментално е во бегство, фалсификувале документи со чија помош успеале да отуѓат парцела од 9 хектари со пазарна вредност од околу 10 милиони евра, јавува Ќосев.

Тие се обвинети дека со измама префрлале имот на нивни имиња за да го продадат на трети лица.

По наредба на надлежниот суд денеска полицијата изврши претрес на две локации – во куќата и во кафеаната на А.Г.

Еден пиштол, еден магацин со 9 куршуми, 50 куршуми, два гасни пиштоли, четири воздушни пушки, два лаптопи, една футрола за компјутер, еден мобилен телефон, 5.680 евра во кеш, 685 американски долари, 100 швајцарски франци, како и 500 досиеја. одземени.разни предмети во кои имало имотни листови-најмногу од регионот на Приштина, решенија, разни договори заверени на нотар, за кои постои сомнеж дека се фалсификувани.

По приведувањето, осомничениот бил сослушан во присуство на бранител, а потоа му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.

Тој се товари за сторени кривични дела „фалсификување исправа“, „легализација на невистинита содржина“, „измама“ и „неовластено поседување, контрола или држење оружје“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни