Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
Свет

Почина поранешниот гитарист на Whitesnake

Почина поранешниот гитарист на Whitesnake

Гитаристот Берни Марсден, кој беше дел од бендот Whitesnake во 1970-тите и 1980-тите, почина на 72-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Како што пренесува Independent, музичарот починал „мирно“, опкружен со семејството.

Заедно со Дејвид Ковердејл, Марсден го основал Whitesnake и учествувал во пишувањето хитови како „Here I Go Again“ и „Fool For Your Loving“, а по напуштањето на бендот се посветил на соло кариера.

„Со големо жалење ја објавуваме смртта на Берни Марсден. Берни почина мирно во четвртокот вечерта, опкружен со сопругата Фран и ќерките Шарлот и Оливија. Никогаш до самиот крај не ја изгуби страста за музика, пишување и снимање музика“, се вели во објавата на Твитер.

Фронтменот на Whitesnake Дејвид Ковердејл изјави дека е почестен што ја дели сцената со Марсден.

„Се разбудив со страшната вест дека мојот стар пријател и поранешен „Снешко“ Берни Марсден почина. Моите мисли се со неговото семејство, пријателите и обожавателите“, рече Ковердејл.

Берни Марсден е роден во Бакингем и свирел во неколку бендови пред да се приклучи на НЛО во 1972 година. Тој го формираше Whitesnake со Coverdale во 1978 година и беше дел од првите пет албуми на бендот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни