Балкан

Таксист во Белград на туристи сакал да им наплати 4000 динари возење од 7 минути: Таксиметарот одбројувал, а они се снимиле!

Таксист во Белград на туристи сакал да им наплати 4000 динари возење од 7 минути: Таксиметарот одбројувал, а они се снимиле!

Како што навела една девојка на социјалните мрежи, таксист од Белград сакал да им наплати 4.000 динари за возење од 3 километри на туристи од Турција.

Дивите таксисти во големите градови секојдневно се обидуваат да ги измамат граѓаните, особено странците. Овој пат на социјалната мрежа Инстаграм на страницата serbialive_beograd се појави објава со видео во која пишува како див таксист во главниот град се обидел да измами луѓе од Турција.

„Див таксист во близина на пристаништето Ада сакаше да им наплати на моите пријатели од Турција 4.000 динари за возење до Галерија“, стои во една објава.

На видеото може да се види како таксиметарот одбројува над 3.000 динари речиси до четири, а шокираните муштерии тајно снимиле се, пишува Курир.

Познато е дека меѓу овие два трговски центри има 3,6 километри до кои со автомобил се стигнува за приближно седум минути.

Да потсетиме, на почетокот на август при полициска акција на аеродромот „Никола Тесла“ беа одземени два автомобила бидејќи постои сомневање дека ги управувале диви таксисти. При контрола на такси превоз полицијата ги контролирала таксистите на пунктовите на излезот од аеродромот. Еден од осомничените диви таксисти превезувал руски државјанин кога бил запрен од полицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни