Свет

Новиот пожар на хавајскиот остров Мауи е под контрола, наредбата за евакуација е укината

Новиот пожар на хавајскиот остров Мауи е под контрола, наредбата за евакуација е укината

Претставници на Службата за вонредни ситуации на Хаваите ја укинаа наредбата за евакуација по новиот пожар во кој се уништени четири хектари на хавајскиот остров Мауи.

Новиот пожар ги принуди локалните власти вчера привремено да ги евакуираат жителите на градот Лахаина, на само неколку километри од местото кое неодамна беше опустошено од пожар, но новиот пожар е ставен под контрола.

Агенцијата за вонредни ситуации во округот Мауи објави на социјалните мрежи дека евакуацијата е завршена и дека жителите можат слободно да се вратат дома.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни