Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека евроинтеграциите се единствениот пат за Косово напред.
На Европскиот форум Алпбах, на главниот панел, на кој учествуваа и други претседатели, таа рече дека проширувањето на ЕУ со демократските држави од Западен Балкан, заштитата на принципите и вредностите на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како и обединувањето во борбата против автократијата и тиранијата, карактеристики што ја прават Европа.
„И покрај тоа што е долг и тежок пат, евроинтеграциите се единствениот пат за Косово. Евроатлантското семејство е наше семејство“, напиша Османи на Фејсбук.