Македонија

Дрисла за 50 илјади жители ја зголемува можноста за канцерогени заболувања, вели Мемеди од Демократско движење

Дрисла за 50 илјади жители ја зголемува можноста за канцерогени заболувања, вели Мемеди од Демократско движење

Демократското движење реагираше во врска со депонијата Дрисла. Од овој политички субјект велат дека Дрисла 30 години работи без да ги исполни соодветните еколошки критериуми, а предупредуваат дека оваа депонија исто така предизвикува бројни здравствени проблеми кај граѓаните.

Реџеп Мемеди од Демократското движење вели дека ваквата состојба постојано го загрозува и сериозно го нарушува здравјето на над 50.000 жители на село Батинци.

„Жители на Батинци – општина Студеничани, наместо да ги уживаат придобивките кои им беа ветени на почетокот на 90-тите кога беше поставена депонијата Дрисла, се случува спротивното, согласноста што тогаш ја дадоа за депонијата, денес ја плаќаат со своето здравје и живот. Да не заборавиме дека ресорот за животна средина (Министерство за екологија) од 2008 година наваму (до сега 2023 година) го водат кадри на владејачката партија (значи ДУИ), кои и покрај тоа што имаа уставна, законска, морално обврска, не направија ништо за да ја спречат оваа еколошка катастрофа“, вели Реџеп Мемеди од Демократското движење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни