Балкан

Српски турист се удави во Грција

Српски турист се удави во Грција

Триесетгодишен крагуевац се удавил на плажа во Лефкада додека пливал со пријателите, пишува Телеграф.рс.

Според локалната полиција, тој бил извлечен на брегот и веднаш пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Телото е пренесено во Одделот за судска медицина во Патрас, за да се изврши обдукција, јавуваат медиумите.

Во меѓувреме, грчките медиуми јавуваат дека се удавил 30-годишен странец, без да ја прецизираат неговата националност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни