Балкан

ВИДЕО Во Хрватска се појави т.н „пијавица“, траеше 10 минути, снимките се драматични

ВИДЕО Во Хрватска се појави т.н „пијавица“, траеше 10 минути, снимките се драматични

Силно невреме пропратено со дожд, силни грмежи и бројни пијавици денеска го зафати Сплит и околината.

Според Хина, засега нема повредени или оштетувања на зградите.

По вчерашните пијавици кај Ровињ и Крес, денеска овој редок природен феномен се појави кај Чиово во Хрватска. Пијавица се гледаше од Марјана, Слатина и Каштела и се вртеше околу 10 минути.

Подрачјето на целото Јадранско Море трет ден по ред е под влијание на силен медитерански циклон, а денеска неговиот центар е позициониран над северниот дел на Јадранот.

Раде Попадиќ од Кромете за хрватската агенција изјавил дека денешниот циклон има одредени карактеристики на екстратропска бура.

– Облаците на тој циклон влијаат на времето во Далмација, а особено интересно беше во сплитското подрачје по 12 часот. Првите два дена пијавици беа забележани во северниот дел на Јадранот, но средата донесе најмногу пијавици во сплитското водно подрачје. Во сплитско ги имало најмалку десетина, што е невообичаено – вели Попадиќ.

Радарската слика на Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) откри дека облакот над Сплит бил висок дури 12 километри.

Но, облакот беше од локален карактер бидејќи до 13 часот во западниот дел на Сплит наврнаа 35 литри дожд, додека во исто време ниту капка дожд не наврна на истокот од градот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни