Според неофицијални информации, експлозивот го активирал сопственикот на станот на третиот кат по кратка дискусија со станарите кои го издавале тој стан. Наводно, причина за кавгата била неплатена кирија.
Сопственикот на станот се обидел да влезе во станот, но станарите не му дозволиле. После тоа се обидел да постави бомба во станот. Се разнел, додека две лица се повредени.
Потсетуваме, во експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во зграда на Улица Слободе во центарот на Смедерево, едно лице загина, а уште две се повредени. Експлозијата се случила на четвртиот кат од зградата, која е уништена како и двата ката подолу. Според станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Околу зградата и во околните улици има парчиња мебел, столарија и стакло.