Балкан

Во меѓународна акција на српската полиција запленети 2,7 тони кокаин на едрилица во Атлантикот

Во меѓународна акција на српската полиција запленети 2,7 тони кокаин на едрилица во Атлантикот

Во меѓународна акција која ја предводеле српското Министерство за внатрешни работи и Безбедносно-разузнавачката агенција (БИА) во координација со Европол, на едрилица во Атлантскиот Океан запленети се 2,7 тони кокаин и уапсени се шест лица од кои се запленети повеќе од половина милион евра, соопшти српската полиција.

Во Србија е уапсен организаторот на криминалната група 70-годишник идентификуван со иницијалите С.К, како и тројца осомничени 35-годишниот Н.С., 43-годишниот Н.С. и 40-годишниот Б.К. Во акцијата се запленети и повеќе од 550.000 евра.

Истрагата за оваа криминала група е започната во јануари 2022 година, пораид сомневања дека се занимава со криумчарење кокаин од Јужна Америка во земјите во Европската унија.

Во операцијата координирано учествувале и полициите на Хрватска, Словенија, Шпанија, Бразил, Францика, Полска, Поругалија, во рамките на оперативната група „Балкански картел“.

Уапсени се шест лица и претресени се 15 станови, а освен кокаин и пари запленети се и две возила од висока класа, скапоцени часовници, електронска опрема, мобилни телефони… Во рамките на финансиската истрага, блокиран е голем број банкарски сметки и недвижнини.

Постојат сомневања е дека оваа организирана криминална група транспортирала кокаин од Јужна Америка, користејќи поморски едрилици, а испраќањето на пратките се ршело со користење шифрирани платформи за комуникации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни