Балкан

Организаторите им понудиле две опции на патниците: Детали за страшната несреќа на српскиот автобус во Грција, еве како возило тргнало во спротивна насока!

Организаторите им понудиле две опции на патниците: Детали за страшната несреќа на српскиот автобус во Грција, еве како возило тргнало во спротивна насока!

Четворица загинати, 53 повредени, меѓу кои и две деца, како последица на тежок судар што се случи вчера кај Евзони во Грција.

Несреќата се случила кога туристички автобус од Ниш со 78 патници директно се судрил со автомобил во кој се превезувале четири лица.

Повеќе детали изнесе дописничката од Ниш, Милена Антиќ.

– Организаторите на патувањето се во контакт со сите патници. Таму веднаш биле испратени два автобуси, па патниците можеле да одлучат дали ќе го продолжат патувањето до дестинацијата или ќе се вратат во Србија. Овие 78 патници се практично од сите делови на Србија. Досега 15 од нив се хоспитализирани во Солун, како што се наведува, поради тешки повреди. Страшно е што автобусот се превртел од силината на ударот. Автомобил со грчки регистерски таблички тргнал од спротивната лента, а како што таа знае до судирот дошло затоа што возачот на автомобилот заспал и се префрлил на спротивната лента – рече Антиќ и продолжи со описот на ситуацијата:

– Возачот на автобусот се обидел да го избегне судирот, иако не успеал, па удрил во насипот и се превртел во канал без вода. Нешто подоцна на него налетал друг автомобил, а луѓето од тој автомобил се полесно повредени. Според извештаите, загинале тројца Грци и еден Русин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни