Балкан

Водена стихија во Грција: Пронајдоа четири тела, жртвите станаа 15

Водена стихија во Грција: Пронајдоа четири тела, жртвите станаа 15

Бројот на жртвите од водената стихија во Грција достигна 15 лица. Според властите, уште две лица се водат како исчезнати. Иако врнежите престанаа, опасноста се уште не е помината.

Грчките спасувачки тимови пронајдоа тела на уште четири лица во централна Грција, со што се зголеми бројот на загинати од најтешкото невреме во земјата од 1930 година.

Телата на 88-годишна жена и двајца мажи, на возраст од 58 и 65 години, беа пронајдени во неделата во близина на Кардица, една од најтешко погодените области. Спасувачките екипи подоцна пронашле тело на 42-годишен маж во областа Волос.

Бурата Даниел ја погоди Грција, одземајќи животи и предизвикувајќи огромни штети. Се уриваат куќи и мостови, уништени се училишта, патишта и столбови за струја, се удават животните, а уништени се посевите во плодната тесалска рамнина.

Високото ниво на реката Пенеи продолжува да загрозува неколку населени места. Во текот на викендот, волонтери изградија насипи во обид да го блокираат неговото прелевање. Досега се евакуирани вкупно над 4.250 луѓе, а напорите се насочени кон селата во близина на реката и во близина на Лариса, чии делови се излеаа и оштетија други села.

Премиерот Киријакос Мицотакис во неделата вечер го посети главниот оперативен центар во Тесалија и најави дека ќе бидат понудени различни мерки за финансиска помош за погодените од невремето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни