Патничкиот авион „Ербас А320“ со 167 патници и членови на екипажот принудно слета на поле во Новосибирската област, соопшти денеска авиокомпанијата „Урал ерлајнс“.
„Авионот на линијата од Сочи до Омск успешно принудно слета надвор од аеродромот. Ниту еден од патниците и членовите на екипажот не е повреден“, се вели во соопштението објавено на „Телеграм“.
Малку порано беше објавено дека авионот на компанијата „Урал ерлајнс“ побарал принудно слетување на аеродромот во Новосибирск од технички причини, но подоцна беше објавено дека авионот слетал на поле, пренесува агенцијата ТАСС.
Според податоците на екипажот, во авионот има 159 патници и шест членови на екипажот, објави порталот „Барони“.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!
Да потсетиме, истата компанија имаше лоша среќа во 2019 година кога нејзиниот авион со 233 патници мораше принудно да слета во поле со пченка, откако птици влетаа во моторот.
При тоа слетување полесно се повредени 23 лица, меѓу кои девет деца. Само една жена се здобила со сериозни повреди и е во болница.