Потрагата по исчезнатите кајакари кај Дубровник е прекината. Според информациите од Капетанијата на пристаништата, пронајдени се сите исчезнати кајакари.
Неофицијално, Капетанијата на пристаништата во Дубровник одлучила да ја прекине потрагата бидејќи е разрешена енигмата околу бројот на кајаци во морето, пишува DuList.
Во 11 часот, капетанот на пристаништето Мато Кекез ќе даде официјални изјави за јавноста, а она што успеавме да го дознаеме е дека е анализиран бројот на изнајмени кајаци. Двајца млади момчиња кои вчера исто така беа ангажирани во потрагата, утрово прочешлале низ Локрум и ги пребројале кајаците таму на копно и сфатиле дека се избројани сите кајаци на сите фирми. За ова ги информирале надлежните.
Да потсетиме, вчера во попладневните часови, по несреќа на море со кајак, започна опсежна потрага по 11 кајакари. Девет од нив се спасени за кратко време, додека рано утрово потрагата по двајца продолжи. Во текот на целата акција се спореше дали на море имало уште две лица. За среќа, се покажа дека не биле.