Балкан

Обесени Срби, гробови и тенк: Провокации во Косово, вознемирувачки закани од навијачи!

Обесени Срби, гробови и тенк: Провокации во Косово, вознемирувачки закани од навијачи!

Голем скандал се случи на Косово, а навивачите на Трепча беа во центарот на вниманието.

Навивачите на КК Трепча, имале намера да постават скандалозен транспарент со кој се величи смртта на Србите во Бањска минатата недела на натпреварот против Сигал од Приштина.

На морбидниот транспарент имаше обесени Срби, православни гробишта, но и тенк од кој извира чад кој личи на карта на Србија, како и пораката:

-Колку и да пријдеш на Косово, толку гробови ќе си ископаш.

Полиција на Косово реагираше и го тргна контроверзниот транспарент, но на социјалните мрежи се појавија фотографии од него.

Во оваа прилика се огласи Александар Арсенијевиќ од „Српски опстанка“, кој праша дали ќе се продолжи со овој случај и дали некој ќе биде санкциониран.

– Навивачите на Трепча во Јужна Митровица направија кореографија на која се прикажани православните гробишта, црквата и дрвото на кое се наоѓаат обесените Срби, како и датумот 24.09.2023 година. Дали некој ќе одговара за ова – напиша Арсенијевиќ на Твитер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни