Момчето им подлегнало на повредите кои наводно ги здобил во тепачката. Уште едно момче ја пречекало полицијата раскрвавено и повредено.
Тринаесетгодишно момче било пронајдено мртво во импровизирана теретана во куќа во Нишка Бања, Србија. Имал повреди на главата и расекотина на вратот. На местото на страшното злосторство пронајден е и нож.
Убиството се случило во четвртокот во 11 часот.
Според неофицијални информации, две момчиња се степале на поткровјето од куќата, а починатото момче било повредено со остар предмет. Засега не се знае што ја предизвикало тепачката, а како што дознава Нова.рс, момчињата одат во ист клас на училиште.
Второто момче било пронајдено пред куќата и се тетерало.
Моментално е во болница и е во шок. На полицијата не и открил што се случило.
Истрагата е во тек.