Семејство во Израел било пронајдено мртво, на кое биле видливи страшни знаци на тортура.
Телата на цивилите убиени од милитантите на Хамас покажуваат „траги на тортура“, рече израелскиот претседател. Исак Херцог на брифингот за медиумите рече дека истражителите пронашле повреди од тортура кои „никогаш не ги виделе“.
Петчлено семејство е пронајдено врзано, сите прегрнати, застрелани и изгорени, рече тој. „Се прашував што се молеа пред да бидат застрелани сите заедно“, рече тој. Семејството било мајка, татко и деца, пренесува Sky News.
Херког рече дека неколку луѓе биле пронајдени мртви на страната на патот во канали. Тој рече дека Израел е „соочен со еден од најсуровите непријатели на земјата“.