Македонија

Меџити: Обезбедивме нов современ апарат на Торакална хирургија

Меџити: Обезбедивме нов современ апарат на Торакална хирургија

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја посети Универзитетска Kлиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Министерството за здравство за потребите на пациентите и Клиниката  набави хируршки столб Торакоскоп, со што се овозможи систем од најновата генерација од американскиот производител Arthrex, да се користи на оваа клиника.

Овој апарат е наменет за изведување минимално инвазивни ендоскопски торакално-васкуларни процедури во делот на белодробие, како стандардни, така и специфични.

Системот овозможува многу подобра визуелизација на крвните садови во однос на конвенционално бело светло, со што се олеснува и забрзува хируршката интервенција.

Со технологијата која ја има апаратот се овозможува одлична визуелизација на проток на крвта пред, за време и по хируршката процедура, како и полесна идентификација на граници на одредени ткива, со што се овозможуваат попрецизни и побрзи хируршки процедури.

Со овој современ апарат се овозможува проверка на васкуларни анастомози и перфузија, детекција на лимфни чворови.

Системот има автоматско внесување податоци, како и поврзување со корисници надвор од операциона сала преку интернет или компјутерска мрежа.

Хируршкиот столб е купен од Министерството за здравство, за потребите на Клиника за торакална хирургија и е инвестиција од 11,1 милион денари.

Министерот за здравство д-р Меџити заедно со неговиот кабинет интензивно работат на подобрување на условите во јавно здравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни