Свет

ВИДЕО Израелската телевизија објави нова снимка: „Ова е доказ дека ракетата дошла од Газа“

ВИДЕО Израелската телевизија објави нова снимка: „Ова е доказ дека ракетата дошла од Газа“

Израелската комерцијална телевизија Кешет 12 вести објави своја снимка за која тврди дека покажува ракета истрелана од Палестинците во Газа, паднала на теренот на болницата Ал Ахли.

На снимката се гледа како неколку ракети се истрелани од Газа. По неколку моменти може да се забележи експлозија во Газа. Местото каде што се случи експлозијата, се чини, се наоѓа на траекторијата на ракетите кон Израел.

„Ова е доказ кој ги потврдува израелските тврдења дека ракетите истрелани од Газа експлодирале во близина на арапската болница Ал Ахли во градот Газа, а не од Израел“, изјави ТВ водителот Јонит Леви.

„Ова е камера на каналот 12. Тоа е камера лоцирана во градот Нетивот (израелски град во близина на Појасот Газа, оп.а.) и гледа во Појасот Газа. Можете да ги видите ракетите… испукани над болница… И можете да видите експлозија. Тоа е доказ дека таа дошла од Газа“, додаде Леви.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни