Турција прогласи тридневна национална жалост за загинатите во израелските напади во Газа, објави во средата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тридневната национална жалост беше прогласена за „услов на нашата почит кон илјадниците жртви, од кои повеќето се деца и невини цивили“, напиша Ердоган на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
„Како Турција го чувствуваме големото страдање на нашите браќа и сестри Палестинци во нашите срца. Знамињата ќе бидат на половина копје во сите наши претставништва и амбасади во земјата и странство до зајдисонце во сабота, 21 октомври 2023 година“, додаде Ердоган.
Претходно Египет прогласи тридневна национална жалост за жртвите од израелскиот воздушен напад врз болница во Газа.
Газа моментално се соочува со тешка хуманитарна криза без струја, додека водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.
Бројот на загинати од израелските напади од 7 октомври во Појасот Газа се искачи на 3.478, а повеќе од 12.000 се повредени.
Борбите започнаа кога Хамас започна повеќекратни ненадејни напади на 7 октомври, кои вклучија бројни ракетни напади и упади во Израел по копно, море и воздух. Хамас рече дека рацијата била одмазда за претходните рации на џамијата Ал Акса и зголемувањето на насилството од страна на израелските доселеници.
Како одговор, израелската војска започна операција против цели на Хамас во појасот Газа.