Израел објави дека вчера биле пронајдени телата на двајца исчезнати од Кибуц Нир-Оз во јужен Израел, кој беше нападнат од Хамас на 7 октомври.
Тоа се Ноја Дан, 12-годишно девојче со аутизам и нејзината баба Кармела (80). Не беше наведено каде се пронајдени телата.
– Ова прекрасно дванаесетгодишно девојче со аутизам беше киднапирано од нејзиниот дом од терористите на Хамас и однесено во Газа. Ноја е чувствителна, љубезна, смешна и голем обожавател на Хари Потер – објавија израелските власти на социјалните мрежи и ја поканија писателката Џ.К. Роулинг да им помогне да ја донесат нејзината приказна во јавноста.
We are devastated to announce that Noya and her grandmother Carmela’s bodies were discovered yesterday.
Thank you to all of you who shared her story to help us bring her home.
Our hearts are broken 💔. https://t.co/1I9r4fibsP
— Israel ישראל 🇮🇱 (@Israel) October 19, 2023
Претходно оваа недела, Аби Он, која се преселила во Тел Авив пред осум години, изјави за Си-Би-Ес дека пет членови од нејзиното семејство биле земени како заложници. Кармела Дан (80), Офер Калдерон (50), Сахар Калдерон (16), Ерез Калдерон (12) и Ноја Дан (12), живееле во Нир-оз.
Како што претходно беше објавено, Израелката Галит Дан (53) изјавила дека нејзината ќерка Ноја отишла да преноќи кај баба ѝ Кармела кога се случил страшниот напад на терористите од Газа.
12-годишно девојче и испратило на мајка си вознемирувачка гласовна порака во која таа шепоти: „Мамо, се плашам. Има луѓе во куќата. Помогни ми“.
– Тие животни дојдоа по нив. Не знаеме ништо, но телата не се пронајдени, па се сомневаме дека се киднапирани. „Го живееме кошмарот на секој родител“, рече Ден минатата недела.