Балкан

Родителите на убиените ученици го тужеа училиштето: Во моментот на пукањето биле таму и биле убиени!

Родителите на убиените ученици го тужеа училиштето: Во моментот на пукањето биле таму и биле убиени!

Денеска во Палатата на правдата почна судењето на родителите на момчето-убиец по приватна пријава на 27 членови на семејствата на загинатите од ОУ „Владислав Рибникар“. Семејствата на загинатите поднесоа тужба и против ОУ „Владислав Рибникар“.

Родителите на децата кои загинаа во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, покрај тужбата против момчето убиец и неговиот татко и мајка кои бараат надомест на нематеријална штета, поднеле и тужба против училиштето.

Како што неофицијално дознаваат медиумите, тие го тужеле училиштето за надомест на нематеријална штета, бидејќи нивните деца биле доверени на училиштето, во моментот на пукањето биле во таа институција и биле убиени.

Едно од семејствата ја тужеше и државата Србија.

– Во тоа барање стои дека државата е основач на училиштето во кое се убиени децата – вели извор запознаен со случајот.

Откако семејствата предложија на мајката и таткото на момчето убиец да им се одреди привремени мерки за забрана на располагање со имот и пари, имаа рок од 30 дена да поднесат тужба. Најпрвин четворица членови на едно семејство поднеле тужба против мајката на момчето и побарале отштета од околу 300.000 евра.

Набргу потоа, уште 27 членови на семејствата на убиените поднесоа приватна тужба. Обвинети се момчето убиец (14), неговата мајка и татко.

– Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв – вели изворот.

Иако момчето убиец е малолетно, тужбата против него не е кривична, туку дел од постапката во граѓанска постапка. Формално е тужен, а ќе одговараат неговите родители.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни