Свет

Убиен судија пред неговиот дом во Мериленд

Убиен судија пред неговиот дом во Мериленд

Полицијата во Мериленд трага по осомничениот за убиството на судијата кој беше застрелан пред неговиот дом, а подоцна почина во болница во четвртокот, јавува Би-Би-Си.

Полицијата ја идентификуваше жртвата како 52-годишниот Ендрју Вилкинсон од Окружниот суд во Вашингтон.

Органите на редот трагаат по 49-годишниот Педро Арготе, кој е вооружен и опасен. Се верува дека мотивот на Аргот бил борбата за старателство над неговите две деца, која и била доделена на неговата поранешна сопруга.

Судијата претседаваше со случајот за развод на осомничениот и одржа рочиште во четвртокот наутро.

Ендрју Вилкинсон бил пронајден на патеката од неговиот дом со прострелна рана. Во исто време дома биле сопругата и синот на судијата.Вилкинсон стана судија во 2020 година откако работеше како адвокат повеќе од 20 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни