Свет

САД испраќаат дополнителни системи за воздушна одбрана на Блискиот Исток, соопшти Пентагон

САД испраќаат дополнителни системи за воздушна одбрана на Блискиот Исток, соопшти Пентагон

Соединетите Американски Држави ќе испратат систем за противбалистичка ракетна одбрана THAAD и дополнителни противракетни системи Патриот на Блискиот Исток, соопшти вчера Пентагон, цитиран од Ројтерс.

Одлуката е донесена како одговор на неодамнешните напади врз американските војници во регионот.

„По деталните дискусии со претседателот (Џо) Бајден во врска со неодамнешната ескалација (предизвикана од) Иран и неговите полномошници низ регионот на Блискиот Исток, денеска упатив серија дополнителни сили за дополнително зајакнување на положбата на Министерството за одбрана во регионот“, Американскиот секретар за одбрана најави Лојд Остин.

Остин рече дека испраќа дополнителни војници кои ќе бидат подготвени за распоредување, но не прецизираше колку.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни