Свет

Словачка престанува да испорачува оружје на Украина, изјави премиерот Фицо

Словачка престанува да испорачува оружје на Украина, изјави премиерот Фицо

Новиот премиер на Словачка, Роберт Фицо, денеска објави дека неговата земја го запира снабдувањето со оружје за Украина и ќе ја ограничи својата поддршка на „цивилна и хуманитарна помош“, пренесе Франс прес.

„Сметаме дека помошта за Украина е само цивилна и хуманитарна, нема да испорачаме повеќе оружје“ на Киев, рече Фицо, еден ден откако беше назначен за премиер на коалициската влада во која има и екстремно десничарска проруска партија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни