Свет

Олаф Шолц не се сомнева дека Израел ќе го почитува меѓународното право во војната со Хамас

Олаф Шолц не се сомнева дека Израел ќе го почитува меѓународното право во војната со Хамас

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување дека Израел ќе го почитува меѓународното право во војната против палестинската група „Хамас“ во Појасот Газа, јави ДПА.

„Израел е демократска држава која се води од многу хуманитарни принципи“, рече Шолц по пристигнувањето на самитот на Европската унија во Брисел. „Затоа, можете да бидете сигурни дека и израелската армија во своите акции ќе ги следи правилата што произлегуваат од меѓународното право. Во тоа не се сомневам“, додаде тој.

Повиците за итен прекин на огнот за да се овозможи хуманитарната помош да стигне до Појасот Газа беа тема на жестока дебата во Европската унија во последните денови. Лидерите на ЕУ би можеле да поддржат хуманитарни паузи, наместо целосен прекин на непријателствата, се вели во нацрт-документот на европските лидери, виден од ДПА.

Многу е важно да се направи се што е можно за заложниците да бидат ослободени, хуманитарната помош да влезе во Појасот Газа, а луѓето со двојно државјанство и персоналот на меѓународните организации да можат да заминат, рече Шолц.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни