Вечерва Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се повикува на „итен, траен и одржлив хуманитарен прекин на огнот“ во Газа. Но, бидејќи во документот не се споменува Хамас по име, против него беа 14 земји, а Македонија гласаше воздражно.
Документот, подготвен под спонзорство на Јордан и арапските земји, беше ставен на гласање на вонредната седница на Генералното собрание на ОН на која се расправаше за речиси тринеделната војна меѓу Израел и Хамас во Газа, која започна по бруталниот напад од Милитантите на Хамас врз израелските цивили на 7 јули октомври.
BREAKING: UN General Assembly ADOPTS resolution on “protection of civilians and upholding legal and humanitarian obligations” on the ongoing Gaza crisis
FOR: 120
AGAINST: 14
ABSTAIN: 45LIVE COVERAGEhttps://t.co/MOnKoTdNsb pic.twitter.com/WG68GaxMMV
— UN News (@UN_News_Centre) October 27, 2023
За усвојување на резолуцијата беше потребно двотретинско мнозинство. На крајот, 120 земји гласаа за, 14 против, а 45 беа воздржани. Резолуциите на Генералното собрание се необврзувачки.
Документот ги осудува сите злосторства врз израелските и палестинските цивили и повикува на „итно, траен и одржлив хуманитарен прекин на огнот што ќе доведе до прекин на непријателствата“ и бара „непречено обезбедување на основни добра и услуги“ за Газа.
Меѓутоа, бидејќи документот не го спомнува Хамас по име и не ги осудува неговите злосторства врз израелските цивили по име, неговото усвојување наиде на жестоко противење од САД и Израел.