Свет

Борис Џонсон станува водител на телевизија, покривајќи ги изборите во САД и Велика Британија во 2024 година

Борис Џонсон станува водител на телевизија, покривајќи ги изборите во САД и Велика Британија во 2024 година

Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска објави дека почнува да работи на ТВ каналот GB News, а неговата главна работа ќе биде известување за изборите во САД и Британија следната година, јавува Би-би-си.

Џонсон, кој оваа година се пензионираше како член на парламентот, ќе работи за каналот како водител, креатор на програма и коментатор.

Тој ќе „игра клучна улога“ во известувањето за изборите во Обединетото Кралство и САД следната година и ќе биде домаќин на серијалот што „ја покажува моќта на Британија низ целиот свет“, соопшти GB News.

Џонсон преку социјалната мрежа Х вети дека ќе презентира „неизвалкани ставови“ за низа теми.

Поранешниот премиер на Велика Британија, кој пишува и колумна за Дејли Мејл, ќе започне во новата година.

Џонсон е последниот во низата политичари од Конзервативната партија што се вклучи во соработка со оваа телевизија.

Пред тоа, тоа го направија поранешниот секретар за економија во британската влада, Џејкоб Рис-Мог, заменик-претседателот на партијата, Ли Андерсон и пратениците Естер Меквеј и Филип Дејвис.

На конзервативната партија и се предвидува пораз на изборите, по повеќе од 10 години непрекината власт во Велика Британија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни