Министерството за здравство на Црна Гора објави тендер за адаптација на стоматолошки клиники во 56 основни и средни училишта чија проценета вредност е 1,06 милиони евра со вклучен ДДВ или 880.000 евра без ДДВ.
Во реализацијата на овој значаен проект се вклучени сите надлежни институции – Министерството за образование, Министерството за финансии, Фондот за здравствено осигурување, Стоматолошката комора, Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство.
Парите за реализација, на иницијатива на Министерството за здравство, се обезбедени преку капиталниот буџет на државата за 2023 година, во износ од 2,5 милиони евра.
Истражувањата покажуваат дека помалку од 20% од родителите редовно ги потсетуваат своите деца да одржуваат орална хигиена.
Децата од основно училиште најмногу се изложени на храна која придонесува за влошување на оралното здравје.
Поради горенаведените фактори, кај возрасната група од 7 до 18 години кариесот е застапен со над осумдесет проценти. Меѓу другото, поради оваа причина, би било пожелно Македонија да го следи примерот на соседите.