Виктор Стојанов лицето кое има забранет влез во Македонија, вечерва на друштвената мрежа Фејсбук со нова провокација. Тој нуди на семејства од Македонија да го променат презимето и наместо вски, да завршуваат на Ов или Ев.
На пример: Петар Петревски да биде Петар Петров.
„Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: „Вратете го вашето презиме во Ов/Ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија“, пишува во објавата.
Претходно Стојанов објавуваше и статистики од наводни медиуми под бугарска контрола во Македонија, но никогаш не соопшти кои се тие.
На последниот попис пред месец во Албанија, тој одеше и агитираше со цел Македонците од таму да се пишуваат како Бугари. Снимаше дури и малолетници, терајќи ги да изговорат дека се Бугари, а делеше и учебници на бугарски јазик. Потоа наши здруженија во Албанија побараа од државата Виктор Стојанов да добие забрана за влез и во Република Албанија.
Поради вакви и слични активности на Стојанов, тој има забрана за влез во нашата држава.