Македонија

Метео аларм издаден денеска за Македонија: Ќе дува силен ветер

Метео аларм издаден денеска за Македонија: Ќе дува силен ветер

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 70 km/h).

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 km/h.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни